длабок (прид.) - клисура (имн.)

Во својот конструкторски занес не забораваш да ја создадеш палубата Но притоа избираш и зборови, најбрзи зборови зборови со крила, зборови со умеење на птица во одредување на страните на светот Можеби тие треба да бидат едрата што ќе го поведат бродот низ тесните длабоки клисури и покрај подводните ‘рбети на могилите во кои се закопани соништата на отскитаните Одисеи што сега немаат море да се вратат.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Оние на кои им значи огнот ги потпалуваат страстите пред да фати зимска цибрина во длабоките клисури на душите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Зачудува како човечката рака, во бездната создадена од водите на Јантра, таму каде што таа како змија го заплеткала Трново, се решила да гради живеалишта кои окото човечко оддалеку ги доловува како да надвиснуваат, и, се чини, секој момент можат да се струполат во водите на длабоката клисура.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)