длабок (прид.) - болка (имн.)

И тој неочекувано извади од длабокиот џеб две стуткани стотки, ги крена високо и удри со тупаница врз масата; ја покажуваше волчата челуст, црна и длабока болка во која тапо јачеа прашања.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А потоа додаде: „А јас ја имам само болката, а не и дарбата за поезија.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечката душа може лесно да потоне во длабока болка, но догорчето од неочекуваните спомени ќе му го осветлат патот во темнината на најмрачните тунели.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Несреќник кој ги крие длабоките болки во своето срце, но чии усни се така обликувани што, кога јачкањата и криковите минуваат низ нив, тоа одекнува како убава музика.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во суровата тишина луѓето се дават во сопствените солзи, а со секое менување на светлината може да откриеме по една тајна и да бидеме сѐ поблиску до вистинската љубов, за која не постои супститут.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тоа што таа мина низ измачување и длабока болка се исплатуваше само за ова што го доживеа во овој момент на надоместок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)