Тој дисидентски начин на чувствување и на поврзување со светот се огледува во машките геј- културни практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, попрво, самата хомосексуалност, дури и како еротска определба, дури и како посебно сексуален субјективитет, се состои од дисидентски начин на чувствување и на поврзување со светот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тој настран начин на чувствување – тој настран субјективитет – се пројавува преку еден особен, дисидентски начин на поврзување со предметите од културата (филмови, песни, алишта, книги, уметнички дела) и воопшто со културните форми (уметноста и архитектурата, операта и музичкиот театар, поп- и диско -музиката, стилот и модата, емоцијата и јазикот).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)