И така, првата директна претстава за него ми ја откри неговиот соборец, повеќе со перо, отколку со меч, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, но не во Картагина туку во Струга, во Македонија, на бреговите на Охридското Езеро.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Арафат и Палестина, како и Тунис и арапските и неврзаните земји, кои продолжија да живеат во мене низ неколку незаборавни пријателства, на кои времето не им може ништо, беа дел на едно минато чии вредности не можеа да влезат во никакви дипломатски вредности, адути, во прилог кон другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)