Татко со истиот занес продолжи, не кажувајќи која е неговата конечна цел, каква порака сака да ѝ упати на Мајка, а да не ја каже со директни зборови: – Земјата во која растат и се вкоренуваат нашите деца не е нивна татковина, а земјата која ја напуштивме, не е нивна држава.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Бев изненаден од овие директни зборови на францускиот амбасадор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во еден разговор, во времето на либанската криза и братоубиствена војна, ми рече: И вие во Југославија не сте далеку од либанската криза, дури и полошо од тоа, кај вас братоубиствените војни ќе бидат во уште поголеми димензии!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)