дипломатски (прид.) - разузнавање (имн.)

Го сметаа за еден од елитните политичари на југословенскиот режим, со дипломатски мисии во САД, во Индонезија и Германија, како амбасадор, но и како една од врвните личности во дипломатското разузнавање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сојузниот секретар, кој ја имаше репутацијата на кариерен дипломат, како некогашен учесник во партизанското движење во дипломатијата всушност дојде од ЈНА, во униформа и тука остана до крајот на својата функција, која коинцидираше и со крајот на Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)