дипломатски (прид.) - претставништво (имн.)

Преку пренесеното интервју биле дадени одговори на многу прашања од развојот на НОД во Југославија, како и за идното уредување на Југославија по ослободувањето, што имало огромно влијание врз јавноста во разбирањето на некои дотогаш пласирани "вистини" од страна на Југословенската влада во емиграција и од нејзините дипломатски претставништва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со тоа, до средината на 1944 година, во американскиот печат настапил период на суштинска промена во однос на известувањето за настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Информациите, пред сѐ, беа собирани од службениците на легациите на дипломатските претставници и од 3-5-мината секретари и службеници на американските дипломатски претставништва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Францускиот вицеконзул во Битола Готје му зборувал на д-р Б. Бешков, вршител на должноста управник на бугарското агентство (всушност дипломатско претставништво), дека интересите диктирале населението да биде мирно, зашто инаку му се заканувала грозна „катастрофа“138.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)