Можеби со зборовите што сакав да ги упатам на мојата мајка се мешаа одложените зборови на телеграмата со кои требаше да го известам југословенското раководство за малата дипломатска победа во Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како пораз во мојата дипломатска победа, на која само јас како да давав посебно значење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таа не ги разбираше моите дипломатски победи, ниту мојата дипломатска мисија, претпоставувајќи дека мојата преусилена смелост и амбициозност може да ја доведе во прашање среќата на нашите деца.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уверен, зацврстен, врз култното почитување на прописите од својата сфера дека постигнал мала дипломатска победа чија смисла најубаво ја разбираше само тој, замина гордо со телеграмата, херметички затворена во фасциклата!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)