По ѕидовите фотографии на сцени од филмот: Мерилин со дигнато здолниште.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Се најдоа пред некоја пресушена чешма... споменик од партизанските денови со срп и чекан врежани во каменот... не се најдоа, туку беа седнати на два стола со грб еден кон друг... како да беа наместени за почетна сцена од енкоја претстава (куклена?)... но тоа воопшто не ги вознемири... напротив, таа поза на вкочанет живот им се чинеше дури обредно-свечена... се вртеа бавно... како во сон... додека не се соочија... со несентименталниот објектив... и додека апаратот чкрапаше почувствуваа... неѕависно еден од друг... нејасно... нешто се менува... и нема да биде онака како што беше... и кога столовите ќе останат празни... а потоа ќе останат празни... а потоа ќе пристигнат следните анонимни седачи... враќањето во колорот, пред телевизорот во станот на г-нот И., е кога ја даваат временската прогноза.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)