Во широкиот двор, зараснат со дива трева, беа затегнати јажиња.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Малата куќа, чии прозорци почнуваа рамно од дивата трева, беше без стопан.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од тоа време, што и во втората деценија на веков го паметел тогаш живиот и жилав даб со брада, стогодишниот Лозан Перуника, лежат на рекичката Давидица четириесет и три малечки воденици, накривени и безживотни судбини во кругот на заборавот; самоучките врати им се испукани и потемнети, суровото минато ги заѕидало прозорците со бигорен камен. Но си има свое минато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Девојчето не беше којзнае што и Грдан дотогаш не ја ни забележуваше, но сега одеднаш му се стори некако мила, дури и убавка, како полско ситно цвеќе што одеднаш замирисува од високата дива трева.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)