Потоа стравот потона во тапа поразеност, оти стариот, голем, забревтан и див свет се менуваше пред нивни очи не чекајќи да го сфатат и објаснат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)