див (прид.) - роза (имн.)

И таа го имала својот момент на цутење, од можеби една година, со убавина на дива роза, потоа брзо се раскрупнела како оплодена овошка, па отврднала, кожата ѝ станала црвена и груба, а потоа нејзиниот живот се претворил во перење, чистење, крпење, готвење, метење, бришење прав, шиење, перење најнапред за децата, потоа за внучињата, и сѐ така без прекин повеќе од триесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
2. Натаму од Неделска Вода, околу наоколу по должината на целиот гребен на Потковица, некаде и на падините, под осамена оскруша, под осамен глог, или под осамен џбун од диви рози, сѐ до нејзиниот крај, односно сѐ до почетокот на источниот лак, се таат Средочна Вода, Топла Вода, Киселец и многу други знаменити или безимени води кои служат за поило на луѓето, на добитокот и дивината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се таи во најбуното на гората, во еден густеж од дренови дрвја и диви рози заплеткани во бршлен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Црквата, од којашто останал уште само еден полупрстен од куполата, колку за да ги премостува урнатините зарастени во трње, капини, глогови и диви рози, но чиј под, поплочен, порано беше редовно чист, е свето место.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само ретки зелени панделки, на прилично растојание една од друга, рамно од сртовите, од под некое осамено дрво, оскруша, глог или дива роза, се протегаат прудолу по падините, а тоа е знак дека тука протекува вода, чија, пак, глава, како што е вообичаено да се рече овдека за изворот, се најдува горе, на сртот, под дрво.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)