Јас во моето детство бев изложен на поинаков вид опасности: можев да се исечам, да ме касне змија, да се набодам на трн, да се отрујам од некој див плод, да паднам од коњ, од дрво, да ме набоде вол и слично.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Скржавата селска ракија од див плод мириса на тврда земја и носи таговност, празна тага, брзо пијанство. беа наведнати над селска софра, со запалени грла од посна чорба.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Затоа таа замина накај човекот. Замина, или за да отстапи, или пак за да остане сама, една здивена мршарка чие огромно тело уште одамна не биле во состојба да го држат сито ни дивите плодови, ни мравките, ни медот од шупливите дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нели сѐ она што потерува под калемот си останува диво? Чудно, едно дрво, а и питоми и диви плодови!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)