Требаше да се направи една „блиц“ посета - и еден „рапорт“ за сите оние морски одморалишта и летувалишта - хотели, кампови и диви плажи, кои што стотици илјади наши луѓе ги опседнуваат секое лето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога дојдоа до крајот на населбата, каде што имаше портирница со вратар и рампа на патот што го одделуваше урбанизираното летувалиште од дивите плажи, мажите се свртеа и без да го запрат чекорот продолжија назад, по истата слоновска патека за прошетка на заслужните.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)