детски (прид.) - уста (имн.)

Потоа, по еден час од поаѓањето на Арсо Арнаутче и на Цветко Грнар, пошле еден по друг по пролокан пат и луѓето со двоколките, повеќето со надеж дека враќањето ќе помине без жртви иако двајца или тројца понекогаш загрижено погледнувале кон постариот тревар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се умирало и веќе се немало сили да се копаат гробови: откако се договориле уште во Лесново да се здружат, тие и сите во Кукулино во дваесет воденици, требало да се мисли и да се предвидува дека дел од маката на живите ќе станат и гладните детски усти на некои од загинатите, бездруго на Јане Крстин, Пеце Дановски и Борис Калпак, а најмногу купот штури наследници на килавиот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаше и мали и големи детски усти за хранење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не беше тоа лоша плата за времето во кое живеевме, но Мајка, како што велеше, мораше со неа да прехрани шест детски усти, но и устите на нашите другари за кои секогаш имаше место на нашата трпеза... XXV Веста за сиџилите не престануваше да се шири во светот на ориенталистите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој никогаш не лежел со тебе цела ноќ на плажата во Камакура, никогаш не ги слушал твоите кошмари, никогаш не чул како целото твое детство се менува под тие ѕвезди, се менува и се превртува, додека твојата детска уста се отвара да открие некое ново минато, секогаш она за кое тврдеше дека е реално и сосем вистинито.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тој се обидуваше да ја внесе и Мајка во овие вистини, но таа само отсутно ќе го погледнеше, задлабочена во секојдневната битка, во тие први повоени години, како да се нахранат, уште еден ден, гладните детски усти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)