детски (прид.) - сон (имн.)

Тоа може да го почувствува само суштество од седумнаесет години кое тукушто се разбудува од детскиот сон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова во женскиот дел од публиката провоцира длабок, детски сон за куќата на куклата, па не е чудо што една Њујорчанка, изнајмувајќи му го станот на мојот земјак му ја покажала јастучницата и чаршавот и со просветителски тон му рекла: Ова е јастучница, ние Американците ова го ставаме на перница, а ова е чаршав, ние Американците ова го ставаме на кревет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тие соништа имаа чудна сила, невидлива, но доволно силна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Убиецот бара прошка: „Како да се молам и како да простам кога омразата си го пронајде своето почивалиште во моево срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постоев заедно со мрачни сеништа, нив им ги дадов моите детски соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам само дека ме научија да мразам, премногу знаев и премногу страдав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
-„Кога опојните мириси на пролета детскиот сон ти го претвараат во живот, казна ли е, судбина ли е, сонот да умира во мирисот на јоргованите?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога бев дете имав свои детски соништа, сонот го сакав повеќе од утрото и новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој беше предмет на моите детски соништа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сега после толку години го сретнав Филип…предметот на моите детски соништа, на моите скриени фантазии и очекувања што ги имав од животот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
За неа детскиот сон почна да се претвора во јаве уште во јуни, кога го положи приемниот на Педагошката академија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неодамна Милица доби овчи сипаници, но тоа не ја спречува да продолжи да сонува за Новиот Свет, во којшто ликовите од нејзините детски сништа живеат напоредно со непознатиот вујко од приказните.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тој стар колку и човештвото и се знае иако во неговите очи уште пливаат сини дамки на детски соништа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Летото помина како убав гривест коњ, истече како безгрижен детски сон, како убава, недовршена жетварска песна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Останаа зад нашите боси нозе полно недоиграни и полно недосонувани детски соништа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не верував дека ќе ми се појави повторно како дете во долината која претскажуваше најубава претстава а ладни женски тела пловеа со своите кораби кон небото на детските соништа.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Напати помислував, веројатно за да се оправдам себеси, дека се случувало нешто слично и со судбината на јунаците од нашите детски соништа, кои без претходно најавена причина, само заради неконтролирано изречен збор или грешно срочен одговор, ја губеле силата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А станува збор за почитуваните јунаци од приказните со кои не заспиваа во мирните детски ноќи нашите мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Едноставно чекаше, трудејќи се да не мисли на било што.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Легнаа да спијат сите заедно, во една соба; Наташа долго не можеше да се смири, но потоа, измачена, заспа со цврст детски сон.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас тврдам дека патот до таинственото здание на детските сништа, кое плови во ветрова запрега, го знае само јунаков на нашава приказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Зошто прашуваш?“ се зачуди. Ѝ го раскажав моето сеќавање и за мирисот што го чувствувам така доверливо како таа што ми раскажа за детето од нејзините детски соништа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Мамо, дали со баба дома сте печеле леб, кога бев малечок?“ ја прашав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Тој беше дете од моите детски соништа. А можеби и јас бев во неговите...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Па и нека остане моја мала тајна...“ се подзамисли мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во слободното време тој ги распретувал корените на роднокрајните детски соништа а таа ги цртала цветовите од кои ќе им прават венчиња на внучките.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
- Добра ноќ! - си рекоа децата едно на друго и почнаа да го сучат својот убав, свилен детски сон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)