детски (прид.) - рај (имн.)

Околу господарската куќа се чуваше добитокот, понатаму беше гумното и сламата, бавчите и нивите, јазовите - детскиот рај за летно капење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но дали душите се селат или остануваат во пределите каде што некаде сме ги сретнале, најчесто во годините на детскиот рај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И што ми преостанува: да продолжам да ги шетам мојата носталгија и меланхолија во пределот на некогашниот детски рај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во него остана жива парцелата на меморијата од неисчезнатиот детски рај.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Сините, па зеленикави води на реката добиваа бели подвижни брегови, а од јужното море беа долетани галеби. Тоа беа последните мигови на нашиот детски рај со козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во текот на повеќе децении никогаш не успеав да откријам слика, идеја за да го овековечам мигот на изгубениот детски рај.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Макар што дејствието на романот е ситуирано во бизарното „време на козите“, раскажувачот од големите автобиографски залихи на искуства истакнува дека тоа раздобје претставува слика на изгубениот „детски рај” и „крај на најубавото време на светот”, со чиј лирски и критички опис се обидел да му ја придружи на пишувањето "историјата на вистината” на еден облик на тоталитаризмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И чувствувала дека некогаш изгубениот детски рај ќе ѝ го врати нејзината избрана ќерка Ервехе, тоа сирото цветче од градините на балканските беспаќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се најдов во еден предел на незагубениот детски рај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За Мајка, непредвиденото заминување значеше уште поголемо одда­лечување од нејзиното семејство, за моите браќа замину­вањето значеше крај на детскиот рај, а само за мене, тогаш двегодишен, ова заминување, во подоцнежните години, прерасна во вистински мит кој ќе ме обзема со години и ќе биде еден од битните генератори на моето пишување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)