детски (прид.) - искуство (имн.)

Патрик Џонсон за една книга за геј-мажите Црнци од амерканскиот Југ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако бродвејскиот мјузикл може да им биде близок на стрејт-жените на начини на кои не им е близок на стрејт-мажите, иако може да ѝ создава помалку родови неволји на својата хетеросексуална женска публика отколку на хетеросексуалната машка публика353, изгледа дека нема стрејт-женски соодветник на силно самотното, бурно екстатичното, претерано сентиментално детско искуство на мјузиклот што го опишува Д. А. Милер.354 Италијанските вдовици од Фајер Ајленд носат дрег, но не личат на жени, ниту пак имаат таква намера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Запрашан како реагирале мештанките кога ќе ја виделе Честити (женското алтерего на Чез) в црква или во трговскиот центар или кај лекар, Чез рекол дека знаеле дека не е баш она што изгледало дека е: „Ниедна природна жена... не обрнува толкаво внимание на детали“.352 Истата логика важи за некои од другите тука споменати машки геј-културни практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Некои женски ликови кои се икони за геј-мажите им се мошне одбивни на стрејт-жените (почнувајќи од Џоан Крафорд и Бети Дејвис во филмот на Роберт Алдрич од 1962 година Што се случи со Бејби Џејн?).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, може речовито да зборува и за чувството на различност, за желбата за бегство и за волјата да се замислат алтернативи што биле онолку значаен дел од детското искуство на онолку многу протогеј-момчиња од претстоунволската ера во 1950-тите и 1960-тите години и кои до ден-денешен сѐ уште се важен дел од настраното детско искуство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)