десен (прид.) - дланка (имн.)

Тој во одговор само молчеше; ја положи десната дланка на левото срце, го рашири лицето во срамежлива насмевка, не насмевка на задоволство туку само на благодарност, па се изгуби во својата сива заднина, во која не се разликуваше земја од небо, кал од камен и трн од глог.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но – ја положува десната дланка врз мојата лева рака: - ти ги одвоив Јужноамериканците. Астуриас, Сабато, Кортасар, Борхес.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Двајцата се испотивме, а мене на десната дланка ми излезе плуска.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не било лесно да се сече со пила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Влатко предложи да пресечам уште едно парче од метро и пол, за на средина, како надолжна оска - за да биде поцврсто. И тоа го сторивме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си ја избриша десната дланка од предниот дел на кошулата и ја фати раката на девојката за да ѝ помогне да помине преку калта, која сѐ уште беше леплива од вчерашниот дожд.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)