десен (прид.) - агол (имн.)

На заднината од едната фотографија, во десниот агол, беше забележано: 30 август, весник Пети паризиен, Фетхи-беј Окијар, министер на Турција.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во десниот агол маса со неколку телефонски апарати.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од надворешната страна на портата на самиот десен агол имаше голема потковица направена од тежок метал којашто служеше за да се најават посетителите кои доаѓаа на гости.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во сандачето – писмо. Го кине пликото – лист фина, сина хартија со облаче во десниот агол, исполнет со препознатливиот, орнаментиран Јанин ракопис.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Фактот дека Аполинер беше камуфлиран во генералштабно одделение за цензура, можеби наоѓа одглас во криптичната цензурирана реченица: “Any act red by her ten or epergne”, која Duchamp ја беше составил употребувајќи некои од буквите (другите покривајќи ги со боја) на комерцијалната порака печатена во долниот десен агол на рекламата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Претпоставениот крадец и украденото нешто се идентифицирале во потсвеста на Duchamp, на истиот начин на кој Мона Лиза беше идентификувана со Duchamp, а потоа и со Аполинер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Купив нови чаши и ги поставив на кујнската маса; сликите се закачени како што треба и висат под прав агол; витрината ја истуркав во десниот агол од дневната соба и сите украсчиња ги наместив како што стоеја отсекогаш: лулето, кристалното еже, дрвеното кутиче, порцеланскиот свеќник, пепелникот од слонова коска, школките и камчињата што ги донесов од еден одмор...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
За миг се загледувам во седалцето во десниот агол од балконот. Ластовичките веќе го напуштиле.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледам во книгата и вртам непрочитана страница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)