— Е, море, ако свршат работа тие, како ќе се јавиме — јавиме, па и нека не обесат нас, туку да не излезе и нивната како нашата, та да не не збере никоја — пак песимистички проговори Пере, ја наведе главата и длабоко се замисли.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Тие се, тие, нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите — му се испушти и на Ацев радосен извик, макар да беше притиснат и тој како Перета од денешниот неуспех.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)