денешен (прид.) - жител (имн.)

Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, покрај многуте неизвесности, неизвесно е и тоа: како се случило, кој им го оставил во завет на овие православни верници, на денешниве жители на Потковицата, да го честуваат она инородно светилиште, Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од историјата познато е, славјанските натрапници на Балканот немале нежен однос спрема староседелците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За него старите велеа дека било остаток од некогашната црквичка, божем чадот бил направен од свеќите што ги палеле во црквичката предците на денешниве жители на Потковицата, а боите остатоци од фреските насликани во неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Според тоа, гревот за уништувањето на Градиште, ако постоело, може да падне и на душите на одамнешните претци на денешниве жители на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)