демократски (прид.) - модел (имн.)

Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако треба да постои консензус во врска со институциите кои се конститутивни за демократијата и во врска со вредностите кои што ја претставуваат основата за каква било форма на политичко здружување, „секогаш ќе има несогласување околу значењето на тие вредности и начинот на кој тие треба да се спроведуваат“114.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
За среќа, постојат демократски модели, реформи кои можеме да ги спроведеме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наместо консензус, Муф се залага за радикално демократскиот модел на „агонистички плурализам“, каде што сите антагонизми може да се изразат, а улогата на односите на моќ во општеството е препознаена, заедно со секогаш присутната можност за антагонизам. 3.2.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)