деловен (прид.) - лице (имн.)

е) договор за вработување деловни лица (т.н. менаџерски договор – чл. 54, ЗРО/05) – кај овој посебен договор, кој се очекува да се применува за т.н. работоводни органи, односно за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“ дури и во услови на загуба и лошо менаџирање, што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната светска економска криза;
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па така, ако договор за вработување склучуваат деловните лица [менаџери], во договорот страните можат поинаку да ги уредат правата, обврските и одговорностите од работниот однос особено за: 1) условите и ограничувањата на работниот однос на определено време; 2) работното време; 3) обезбедувањето на дневен и годишен одмор; 4) плаќањето на работата и 5) престанувањето на важноста 95 на договорот за вработување (чл. 54, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)