Разделена од својот невработен и хировит сопруг, морала да стане самохрана, вредна и тврдоглава деловна жена и успеала скромните домаќински вештини да си ги преточи во доходовно стопанисување со успешен синџир на ресторани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Филмот што произлегол е поучна, предупредителна сказна за злото на разводот и за русвајот што го предизвикуваат независните жени.266
Проблемите започнуваат кога сопругот на Милдред ја губи работата во текот на Депресијата и кога веќе не може да си го издржува семејството, што на крајот ја тера Милдред да преземе и таа да носи леб на маса и да стане – со тешка, самопрегорна работа – успешна, авторитетна и, најпосле, богата деловна жена.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Самиот Кејн, и покрај неколкуте настојчиви барања, одбил да ги внесе измените што ги барал Валд, па Кетрин Турни, сценаристката што ги направила првите прилично верни адаптации на романот, на крајот побарала да ѝ се тргне името од шпицата на филмот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Енигматичното, на прв поглед, прашање, зошто во втората етапа на Хичкок преовладува женската нота, се разјаснува ако се помести во соодветен контекст: вистинскиот слом на протестантската етика ја афирмира жената како активна индивидуа (што во литературата и на филмот во четириесеттите години произведе низа од типизирани ликови: „успешна деловна жена”, good bad girl, злокобната femme fatale и т.н.) - уште повеќе е показател на фактот, во колкава мера автономниот индивидуум на протестантската етика бил ексклузивно машки. 38 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)