Тоа фалбено прашање не се осмелуваше да го постави пред надлежните, иако, помислуваше, не би било лошо тоа и да го стори откако целата операција ќе биде сосем завршена. Затворениците на монополот тука останаа десет дена, во кои Константин З. не почиваше на ловориките од комплиментите за успешно завршената акција, туку се грижеше во тој дух да се приведе кон крајот деликатниот зафат за кој всушност и беше испратен тука.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Веднаш знаев дека овој деликатен зафат беше дело на Даскалов; веројатно го беше сторил тоа додека ја полнев чашката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)