дебел (прид.) - ѕид (имн.)

Како да извираше и како да се креваше од бистрата, мирна езерска вода со безброј чисти, светли души - утрото заигра во воздухот, се крена над стариот град, стегнат од сите страни со дебели ѕидови за миг го искапи, го осветли и го оживеа со својот трепетен сјај.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За да се качи на друг требаше време, за кое одбраната добиваше готова полна пушка, и така не даваше да се префрли никој преку високиот и дебел ѕид.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мајка ми и другите гостинки се прибираа во собата што гледаше кон клисурата, а татко со другите мажи се собираа во собата со дебели ѕидови и со подвиснат таван, со голем шпорет на дрва.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Местото го посетивме и таму видовме само остатоци од дебели ѕидови, откорнати, испокршени, испревртени и расфрлени камења и дебели парчиња од керамиди.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)