Тој во мракот пробива пртина во дебелиот снег, со дланката штитејќи го лицето од лапавицата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наведнат извлекува нога од дебелиот снег, се навалува настрана за да ја извлече и другата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Соседните куќи изгледаа тажни и уморни под дебелиот снег што ги притискаше.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Престана да паѓа снег, ама едно ветре што постојано дуваше го правеше дебелиот снег со заби за сонцето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Сѐ околу нив, копите со сено и слама, оградите околу колибата и нивите покрај потокот, ниските џбунови и се друго, дрвје, папрат - сè беше стиснато, стегнато, згмечено од дебелиот снег.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Најпосле, дебелиот снег, кој, беше јасно, ја надминуваше височината од еден метар, е пречка и за овие ѕверови.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Леските беа речиси полегнати под дебелиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во оваа вејавица, под лудите завивања на ветрот, во овие диви планини што лежат под дебел снег, под постојан дожд од топовски и минофрлачки гранати и непрекидно кракање на митралезите и денес јас сум жив.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Лежат замрзнати под дебелиот снег.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не можеш да разликуваш што е небо, што планина – говореше старецот, понесен од тајните на далечините. –Дебелиот снег и густите бели облаци може да ги победи само топлиот ветар на љубовта со својата волшебна моќ.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)