Штом сеизедливиот оган ги испече добро, откако жарот се ’згаси, под дебели сенки дружината наша се собра: песната долго се гласи.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
17. Дедот Јован Паленѕа ги скорна јаловињата од дебелата сенка на борјето во Грбла и ги замана кон Торнезата пресоп, та, потпирајќи се на дебелиот овчарски стап, почна да накачува по нив нагоре.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На првиот лаеж тој застана, се потпре на стапот и се провикна — „Убре е е, ааа! — но веднаш се вслушна и по лаежот разбра дека пците лаат на човек; завјаса, колку што можеше, нагоре, да види на кого лаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сите станаа на нозе. На коњите беше натоварена муницијата, бомбите и динамитот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пак се залула комитското оро... Кога комитите се наиграа, се изморија, седнаа да си починат под дебелата сенка.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во мигот кога најмалку очекуваа, пак прозбори Јани: - Сега би сакал да сум под домашната стреа, во дворот или во одајата или на нива или под зрелите цереши или под дебелата сенка на чинарот, па дури и во нашето буниште, ете, вака легнат - навален, загледан во далнината и висината и во очите на љубената...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- А кој ќе ги храни тие деца, бре Јани, штом ти цело време ќе лежиш под дебелата сенка на селскиот чинар? - потсмешливо праша Мита.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Под широките гранки на дрвјата, во дебелата сенка, ту испоседнати, ту исполегнати во ладовината, почиваат жени.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Така... Јас ќе си лежам, ме разбираш, под дебелата сенка на чинарот, а таа, младата невеста, рано на сабајле, разбудена од пилето - билбил, фрас вака, фрас така со гранката - ќе ги тера од мене досадните мувишта...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И ќе си лежам под дебелата сенка на селскиот чинар а младата невеста со прачка добро обрасната со шиироки лисје, ем ќе ме лади, ем ќе ги тера мувите од мене...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На ставорската плажа има дебели сенки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Скриена под дебелите сенки на стариот орев, надвиснат над летниковецот, Јана со цигарче го густираше своето попладневно кафе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Алајко и Мире седнаа под една узреана слива во дебела сенка и ги чекаа селаните. Јадеа од сливите, ги киселеа лицата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Долго се обидуваше да го касне еден човек што спиеше под дебелата сенка на едно големо дрво.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Таа можеше да ја почувствува топлината и силината на неизговорената љубов на Даниел, и нејзината љубов ќе беше целосна ако нејзината болест не беше дебела сенка врз тој светол пејзаж.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зашто сè што правел го правел за идејата, за борбата и за слободата, за комунизмот, по дебелата сенка на претпоставените.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И додека баш пластично раскажуваа како ќе си поигруваат со мене, а бидејќи тие важат во нивната Лозница за мажи на глас, што сами си го раскажуваа меѓу себе, а не го слушнав од нивните женички, кои исто како мене лежеа под дебела сенка малку потаму, јас се потрудив да им биде уште поубаво и поинспиративно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Крушата простираше дебела сенка, а ние по цел ден се тркалавме по тревата под неа.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во дебелата сенка на столетната бука, разгранета над мала полјанка, послана со мека планинска трева, сѐ беше наредено за пречек на гостите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тука, во дебелата сенка на орманот, низ којшто, како што ѝ се чинеше, оди.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)