дебел (прид.) - ортома (имн.)

Утрото му кажал ќелешо на браќа си кај влегла ламјата и посакал една дебела ортома да се врзит ќелешот и да го пуштат во дупката.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се вратив во земјанката, ја зедов дебелата ортома и ја врзав за стеблото на врбата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Врзани, по двајца за раце и за гуши, со по една дебела ортома, овие клетници како да исчекуваа „да си поминат на редот" секој ден, та дури не се противеа кога гавазите им наредуваа да легнат и да се разголат за да не им ги извалка алиштата црната крв што прскаше од нивните меса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не поминаа ни десетина-петнаесет минути, само што го допиваа шербетот анамите, а кадијата за сето тоа време се шеткаше нервозно низ одајата, вратата се отвори и на неа се појави Ајша со Сефедина, носејќи ја Анѓа на раце изврзана со дебела ортома од градник до глезни.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Зедоа една дебела ортома и се врзал ќелешот за полојна, та го пуштиле внатре.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)