Во тоа време Лабрис доби извесни шанси да се инкарнира во прекрасна дебела книга, но нескротливиот темперамент и стравичниот вербален торнадо на господинот Вулкански во една вечер во Александар плац (темна и дождлива вечер) ги уништи шансите на тој хипотетички проект.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тркнав до скалите и од мала библиотека, извадив енормно дебела книга.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Оттаму се врати по десетина минути со дебела книга во раката на чија насловна страница пишуваше: „Enciklopedia de L`imperie Othoman“, Editeur: „Majsson Oriental - Paris, 1903“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Утредента претпладнето авторот Едо Бранов случајн сретна еден познаник со дебела книга под мишка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таа отпрвин ги разгледуваше сенките на ѕидовите, ги прелистуваше дебелите книги, ја отвораше виолинската футрола.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ибн Тајко остана со зината уста додека дубровчанецот џбарна во кожената торба што му висеше крај колкот, протарашка внатре и извади оттаму дебела книга во раскошни корици, украсена со сребрени налепници од цветови и лисја. „Дваесет аспри”, рече скромно. „Дваесет аспри?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
(Куќата на Султана. Евто и Рајна се подготвуваат за легнување. Михајло седи над дебела книга. Чита на свеќа. Мачна тишина. Штотуку завршила караница.) ЕВТО: Гаси ја свеќата. Немаме пари за фрлање.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Внатре стоеше дебелата книга.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Си приспомнав на една дебела книга што мајка ми и татко ми често ја отвораат за да проверат што значи некој непознат збор.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)