Ја зеде пушката, ја наметна преку врат, одбра еден подолг стап, па го помина поточето на она место, до дебелата бука, каде што снегот уште се црвенееше и ги чуваше трагите од онаа морничава, волча ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Зад една дебела бука се покажа вооружен човек.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Отаде и најпрвото што го побара, кога се обѕрна околу себе, сега веќе бесповратно оставен самиот со себе, без денот, беше една ниска дебела бука, доста стара и доста глужлива, и нејзината крошна, што беше веднаш над него, на дофат, полна со сува, непопаѓана шумурина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Онаму, преку поточето, околу коренот на дебелата бука, снегот беше изгазен и крвав.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Добар ден, другарче! - го поздрави едниот и седна над дебелата бука.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тој се влеваше во дебелата бука, забиена во темелот на горниот ѕид на пиланата како огромен лост, со горниот дел повисок од покривот, исто како некој шумски џин да сакал со тој лост да ја откорне и да ја преврти ничкум нивната пилана.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Еве ја Трештена бука“ - си помисли момчето кога помина под чаталестите стебла на една осамена, дебела бука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)