И тоа токму широкиот двокрилен прозорец од одајчето што гледаше кон улицата, и преку улицата, во дворот на спротивната куќа каде што никој не живееше.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Лежи во сопствената соба: двокрилен прозорец со бели пластични ролетни, со бела мрежеста завеса и сета таа белина пропушта мека млечна светлина; под прозорецот работна маса - од татко му - столот е од татко му.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)