двоен (прид.) - природа (имн.)

Откако спомена дека во филозофската алхемија солта е космички принцип со истата парадоксално двојна природа на тајна супстанција, Јунг наведува голем број алхемиски извори кои одново ја потврдуваат идентификацијата на солта со Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Славој Жижек тврди дека посматрањето конотира моќ, но и (врз примерот на Хичкоковите филмови како Прозорец во двор) упатува на посматрачот како на суштински неподвижен и немоќен сведок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Признавајќи ѝ ја важната улога за вештините, на алхемича­рите не им било тешко на солта да ѝ го признаат статусот на каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Преку дијалектиката на посматрање и (не)моќ Хирст ја активира двојната природа на уживањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иста двојна природа како и Врапче. Ама поинаква.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Познавајќи ја двојната природа на играта, фанатично вљубен во преобразбата, можеби ќе се ослободам од луспата на времето и просторот, да се откривам, секогаш одново, во ослободениот свет на имагинарното.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)