далечен (прид.) - и (сврз.)

Овој германски смел патописец, како што се вели за него, бидејќи имал храброст да патува во далечни и неистражени предели, е првиот кој, по Евлија Челебија, така опширно говори за Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас на истиот начин чезнеам по недопрената, далечна и верна на себе, Јапонија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мајка му и една ситна црномуреста девојка липаа над него, а неговиот поглед, далечен и туѓ, беше управен кон синевината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наведнат над книгата, Арсо го слуша гласот на мајка си далечен и нереален: - Дојди на ручек, Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Бегај. И чекај ме на улица.“ Полека, несигурно потпирајќи се од маса на маса, се заниша кон неочекувано сосем далечната и недостижна врата. *
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, каква врска има таа со тој далечен и нејасен човек?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Усети дека се работи за некој далечен и таинствен пат.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
XXV. ... Беа едни сосема далечни и благи, едни речиси неосетни трепети од некаков тивок топол повеј; минуваа долго и лесно низ целата негова снага, а потоа сите му се насобираа на лицето и сега му застанаа тука и почнаа да се засилуваат и да го греат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вториот е Крсте Чачански, чиишто раскази се како енигми, гатанки и ребуси, како македонски сфинги пред коишто остануваме често без точен одговор, но секогаш обземени од чувство дека нешто битно сме откриле и дека сме се облагородиле во еден миг во којшто се слеани во една целина носталгијата по далечното и задоволството во играта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот тој далечен и наслутен шум на заборавениот говор Тропаат беспрекин сами пред затворените прозорци изгубено тропаат со нозете тапи без поткови ти земјо по тебе лизгава и масна земјо мирна тропаат темно измешани
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)