Да знаеше кутриот Х.Х. какви мисли ми се вртеа во мојата глава, како реакција на неговите искажувања, сигурно ќе добиеше непобитни аргументи за моето тотално застранување од трајните вредности на мојата родна земја, а ако успееше да извлече од мене барем минимални докази, бездруго ќе добиеше и сигурни поени за неговото унапредување во кариерата доближувајќи се што повеќе до митски далечната Централа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, беше јасно дека тој повеќе говореше според инструкците од далечната Централа отколку по своја глава.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)