далечен (прид.) - хоризонт (имн.)

Ќе го видеше, напати, обично в мугри или конквечер, загледан во далечниот хоризонт на Езерото кој беше пресечен со невидлива гранична линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Следејќи ги во летот, дури како точки кои се губеа во далечниот хоризонт на реката, Мајка полетуваше во мислите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека небото се раскрвавува во самракот и ветерот го зема својот прв здив во зората ќе го завртам клучот од бравата два пати, ќе ја задушам болката, достоинствено ќе си ја понесам тагата и ќе побрзам да го фатам последниот воз кон далечниот хоризонт каде со таква леснотија одново и одново се раѓа новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И после сите натрупани, хибридни грешки кои ги броиме и кои поминуваат низ деновите, ќе дојде и денот кога ќе донесеме цврста одлука, храбрoда ги исполниме сите надежи и очекувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Често замислен шетав крај морето и покрај урнатините на Картагина. Во далечниот хоризонт се наѕираа контурите на палатата. Во неа суверенот ги минуваше последните години на своето владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лице како она на Нико беше како создадено за гледање низ прозорец okno.mk | Margina #15-16 [1995] 123 и преку пустината, во некои далечни хоризонти.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Паѓаше дожд и Пол, Нико и јас од нашиот прозорец од Фектори ја гледавме толпата како ја преминува 47 улица и оди кон ОН.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)