дабов (прид.) - дрво (имн.)

Кога времето беше жешко, освен како денешното готвење, што се вршеше на големиот шпорет на гас, храната, што се земаше од визбата или се донесуваше од бавчите, се подготвуваше овде надвор, на терасата и се јадеше на масата што беше обложена со дабово дрво, на која дваесетина луѓе можеа да јадат без да се тискаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Волците сигурно не ќе можат да се вовлечат меѓу добитокот, плевната беше ѕидана здраво, вратите беа цврсти од дебело, дабово дрво, а и таванот над кошарата целиот беше искован со штици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Газда Таки седеше и пишуваше на својата работна маса од масивно лакирано дабово дрво на која имаше многу хартии, мастила и пера за пишување.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)