густ (прид.) - црн (прид.)

Тоа беше новиот учител во Ново Село, Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Над црните очи се исцртуваа јасни, густи црни веѓи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Среде софрата седна човек со убави мустаќи и долга густа црна брада. Тоа беше штипскиот учител Даме Груев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Големи огнени јазици се извишија над селото, а наоколу се креваше до небото густ црн чад.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ја густирав со кејф, залак по залак, наливајќи ја со густо црно вино.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога завлегоа длабоко во пченките и кога тој сиот возбуден ја легна и таа почна да се слекува, од ципите па сѐ до папокот се откри густо црно крзно како од куна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)