густ (прид.) - чад (имн.)

Сѐ уште густиот чад висеше ниско, кога во напад тргнаа осум дивизии, повеќе независни баталјони, тенкови и борни коли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од рерната избувна густ чад и ја исполни кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
ВЕНЕРА СО НАСТИНКА Секое попладне сонува еден ист сон Будејќи се над кафеанскиот мебел Ја прашувам има ли каде да преспие Не, одговара - само жмири од густиот чад Правејќи големи кругови од време на време Знам дека тое е еден ист сон пиејќи во друштво на таа девојка глумејќи заинтересирано додека светлата не стивнат Во темните часови е бескрајно тажно Се трудам да не паднам во пустилото што голта, испарувајќи од тие сиви очи Сѐ до следниот пијалок - во мугрите возејќи се - до другиот крај на градот Обземена од заморот заспива првата клупа галејќи ја росата...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
- Професори, велиш?.. Даскали, демек? - старецот испушти густ чад од својата цигара.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
При кревањето на завесата од оџакот излегува густ чад кој брзо престанува, а потоа се појавува на вратата баба Анча, која се обѕирнува зад себе си.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По тесната врвица низ карпите го минаа свиокот и го здогледаа Езерото - потемнето од густа чад, развлечена над него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Променливиот ветар го виеше густиот чад, ни ги нагризуваше очите и предизвикуваше солзи кај нас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Горе се крена црн и густ чад, потоа се вивна црвен пламен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од густиот чад (индустријализација, фабрикување на иднината) не се дише а ѕвездите лесно се допираат само во песните.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Поминуваат возови. По нив останува само грива од густ чад.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)