грлен (прид.) - глас (имн.)

Чана не беше нешто што можеш тукутака да ја истуркаш или да ја свртиш, таа ги рашири рацете, ги свитка шепите, едната рака за малку не ја зграпчи Милка оти дробничка како газе од игла топузлијка, а родна се удри со оние две големи топки напред дарени од господ во другата нејзина рака, а богами им се попречи и нејзиниот грлен глас Што сте се раскокодакале бре жени!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш и Чана крвта ја замени со насмевка и со грлен глас С ршета бабо Петро? Как ти са пуле дујната! Шо са чине надруф!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во мигот Чана ја затнува половината врата со својата голема снага, пуштајќи го својот грлен глас во вагонот Стигнати сме во Македонија, народе!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Танаскоица, за која тој знае дека знае што ѝ е на момата, како да стана сојузник со Пелагија, не ја отвораше така често својата уста, а кога ќе беше притисната од грлениот глас на Танаско како од надојдена река, таа само проломотуваше Ки дое ред, ки са виде!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Има друг еден, зол по карактер и високо изговара со грлен глас навредливи зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја радуваа гласовите на децата што шепотеа меѓу себе, отсечните одговори на некои од наставниците, а најмногу ја смируваше грлениот глас на Танаско кој е тука со целата своја тајфа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)