гривест (прид.) - коњ (имн.)

Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Летото помина како убав гривест коњ, истече како безгрижен детски сон, како убава, недовршена жетварска песна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Човекот го сонувал во молитвите својот бог во вид на бел и гривест коњ, крај реки и крај степи, на облаци над тие степи и над тие реки, коњот го познавал само оној бог чии петици му ги стискале ребрата додека со сила на ветар се судрувал во галоп со ветар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)