Иако во графичкото изразување не постои ништо што навистина би ѝ одговарало на непрекинатата линеарност (размакот меѓу зборовите, крајот на редот и страницата се нормални графички конвенции што не можат да се занемарат) сепак ќе ви прикажеме пример за линеарно графичко изразување: слика десно Спиралата на карактерите од обете страни на дискот од Фестос го илустрира континуално линеарниот облик.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Станува збор за стручњаци за типографија, за обликување и произведување на печатарски букви, историчари за натписи (епиграфика) и за ракописи (палеографија), за историчари на уметноста, стручњаци за судска медицина и многумина други што се заинтересирани како за естетските особини на графичкото изразување така и за неговите утилитарни функции (во издаваштвото, огласувањето, картографијата итн.).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Полето за развој на графетичките проучувања е широко со оглед на бројот на варијациите во графичкото изразување во современите јазици, но и низ целата историја на писмото.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Видови графичко изразување Постојат листи (уредени низи редови, од коишто секој претставува семантичка единица; на пр. колекционерски каталози или ресторански мении), матрици (табела редови и колони со јазички, нумерички и други информации, што можат да се прегледуваат вертикално или хоризонтално), нелинеарно гледање (типографија карактеристична за новинските огласи), линеарно разгранување (дијаграми во форма на стебло) итн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)