Откако ќе се издвојат фонетски блиските звуци на јазикот L, тие се распределуваат согласно со појдовниот пример на алфабетот L1 и добиваат соодветен графички израз.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во процесот на создавањето на писмо за секој јазик L, фонетските единици на овој јазик се издвојуваат по пат на компарација со фонетските единици на јазикот L1, кои во определен редослед се застапени во системот на писмо L1, земен како пример-прототип за создавање на писмото L.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Работата се компликува со фактот дека за овој ран период воопшто не е лесно да се одреди дали некој пример на графички израз му припаѓа на уметничкото изразување или на примитивното писмо.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)