Укинувањето на строгата разлика помеѓу текстуалните родови се обидуваме да ја формулираме на една речиси невидлива, философско-литерарна граница, на едно место кое би можело да биде подрачје на најплодни сретнувања, меѓупросторот на стилизацијата на новиот, хибриден дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
-Или како да си плен на трагата на мутантните ракови-скакулци од реката Вардариште, толку исплашено делуваш ти несреќнику, со тој бастум и со тој шешир... - се придружи Abbe Buzoni (упикувачки следејќи ги отворените асоцијативни пространства од господинот главен уредник, Г.Н.Ом), инаку помошниот уредник на списанието за гранични подрачја што Маргина се вика.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Енценсбергер молчаливо се согласи дека треба да проговориме од ова гранично подрачје кое ни ја овозможува приликата да учествуваме во возбудливата размена на философскиот и литерарниот темперамент.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)