Тој има дал инструкции на локалните команданти во Македонија да ги избегнуваат граничните инциденти по секоја цена и сега ќе ги повтори тие наредби.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
По бурните настани во земјата, по судирот со Сталин и последиците што следуваа, големата изолација на земјата, првин засилениот глад, а потоа незаборавните пакети од Америка, од кои никогаш не го заборавивме месото со шеќер, јајцата и млекото во прав; граничните инциденти и првите жртви со соседните социјалистички земји.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)