Во нивното читање на терминот, тој не означува фиксно топографско место меѓу две други фиксни локалитети (нации, општества, култури), туку „меѓу-зона на раселување и детериторијализација кој го формира идентитетот на хибридниот субјект.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Моќта на државата често е поткопана во граничните зони, каде што нејзината моќ е ограничена и нестабилна.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Понатаму, граничните зони се често жртва на злоупотреба на моќта, а понекогаш и агенти или извори на државна моќ.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Наместо да се отфрлат како неважни маргинализирани зони, тесни парчиња земја помеѓу стабилните места, сакаме да покажеме дека граничните зони како поим претставуваат поадекватна концептуализација на „нормалниот“ локалитет на постмодерниот субјект“.76 Ваквото продуктивно гледиште за границата, како „празнична, поради креативната 76 Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 38. 61 енергија која се ослободува од обичната борба за отпор“, каде таа се зема како метафора за сите ситуации кои се карактеризираат со контрадикција и натпревар, може да послужи како вреден коректив на предоминантно негативната употреба на терминот (освен ако не заборавиме дека граиците се исто и инструмент на моќ).77 Бидејќи границата е, меѓу останатото, место за дијалог и заемно истражување.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Како области каде се среќаваат различни луѓе (на пр. крстосници, граници, пристаништа, гранични области), граничните зони се исто така и области на културен конфликт.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Граничните народи може да покажат амбигвитетни идентитети затоа што економските, културните и јазични фактори ги влечат во две спротивни 32 нејзините „жители“ јасно се гледа во граничните зони.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тие се „места и процеси на бележење и покажување на односите на моќ“.33 33 Helene Pellerin, “Borders, migration and economic integration: towards a new political economy of borders,” in Global Surveil- lance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 51. 31 Од самото создавање на модерните национални држави, границите и пограничните региони се многу важни симболички територии на сликата за државата и државната контрола (бидејќи граничните зони се првите и последните области на државата видени од патниците).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)