градски (прид.) - татко (имн.)

„На градските татковци“, рече Влатко а баба му се насмевна: „Немате градски мајки?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ама новинарот уште вели: Градските татковци ветуваат дека идната година ќе постават украсни светилки да се врати убавината и сјајот во старата скопска чаршија.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На ова градскиот татко збеснал и отворено му кажал на претседателот на клубот дека додека тој е главен фактор во градското собрание, тенискиот клуб нема никаква шанса да добие свои простории.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Градските татковци навистина се погрижија плоштадот и улиците кон него да бидат раскошно украсени и осветлени, а сред плоштадот - извишена елка светкаше во различни бои.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)