градски (прид.) - собрание (имн.)

На ова градскиот татко збеснал и отворено му кажал на претседателот на клубот дека додека тој е главен фактор во градското собрание, тенискиот клуб нема никаква шанса да добие свои простории.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тенискиот клуб имаше најмногу шанси, во него членуваа ќерката, зетот и синот на градоначалникот, а синот на претседателот на градското собрание имаше нереална амбиција еден ден да заигра на Вимблодон.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Илинденското востание не ги опфатило подеднакво сите краеви во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Биле формирани: градско собрание од 60 истакнати граѓани на Крушево и Привремен совет (Дино Ванѓел, претседател, Ѓорѓи Чаче, секретар, Теохар Ќурчиев, Димитар Секулов и Николаќи Баљу).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Најчесто “слободната мрежа” е поврзана со градското собрание, и во неа можете да добиете информации, на пример, за пореските закони, за полициските овластувања, или можете да поставате прашања до одредени служби; значи, мрежата во овој случај делумно е службена, официјална.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во многу случаи животните го добивале спорот, и како резултат градското собрание коешто ги предало на суд морало да им додели одштета во форма на парче земја врз кое можеле мирно да живеат не загрозувајќи го животот на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А и не беше Гого таков, човек и сликар, за да му додели Градското собрание еднособен проширен стан со ателје место со балкон на последниот, тавански кат од некоја новоградба, иако на младиот сликар му останаа пусти соништа париските мансарди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во еден момент дури слушнав како им довикнува од прагот на нејзиниот стан на претставниците на куќниот совет дека таа многу брзо ќе ја среди збрката, а дека наскоро од градското собрание треба да пристигне и син ѝ со упатствата како да се постапи при ваквите појави.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Нема потреба да ги утврдувате вашите права на состанок.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Проблемот е комплексен: Градското собрание му должи на „Електро - Скопје“ за потрошената електрична енергија - па затоа има светлина колку што има пари.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Согласно со одлуката на Градско собрание, веднаш по дефинитивното затворање на депонијата Вардариште оваа голема површина треба да се обнови и тоа во период од десет години.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Во Одлуката за вонредни мерки на Градското собрание се пропишани три степени за заштита: прв степен - предупредување и давање препораки; втор степен: ограничување на видови горива и на дел од сообраќајот; трет степен на вонредни мерки се темели врз забрана на користење горива, затворање на одредени индустриски погони, топлани, забрана на сообраќај.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Оние кретените-градоначалници од Алан Форд се шала-бала во однос на количината на глупост збутана во нашето okno.mk 13 градско собрание.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)