А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А што се однесува, пак, до Имотот, иако неговите стопани Акиноските преку глава претурија многу грозотии, во нивната долга родословна историја повеќе пати се случуваше цели колена да бидат истребувани, тој, во градежна смисла, до скоро си остана негибнат, и од забот на времето и од луѓето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)